„Heineken NV“ соопшти дека нејзиниот нето профит се зголемил во првото тримесечје, поттикнат од продажба на средства и девизните измени.
Третиот по големина производител на пиво во светот изјави дека неговиот нето профит е 579 милиони евра во првите три месеци од 2015-та година во споредба со 143 милиони евра за истиот период една година порано.
Значителен дел од профитот – 375 милиони евра, доаѓа од продажбата на мексиканската компанија за пакување „Empaque“. Вредноста на зделката, обелоденета во февруари, беше 1,23 милијарди долари.
Добивката беше стимулираната и од повисоките приходи кои пораснаа за 7,4% до 4,34 милијарди евра на консолидирана основа. Девизните измени во последниве месеци, кои погодија многу компании низ целиот свет, се покажаа сепак во корист на „Heineken“, пораст забележаа и нејзините општи приходи со 227 милиони евра.
Според извештајот на „Heineken“ побарувачката на пиво се зголемила во Азија, Северна и Јужна Америка, што го надомести доцнењето во Африка и Европа. Ова и овозможи на компанијата да ја задржи својата прогноза за 2015-та година, очекувајќи уште повисоки органски приходи и раст на профитот во оваа година.
Иако имаше позитивен извештај, акциите на холандската пивара забележаа намалување за 1,29% или до 74,77 евра на почетокот на сесијата која стартуваше денеска.