24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија напредува за 10 места на светската информатичка мапа

Македонија напредува за 10 места на светската информатичка мапа

pres ivo23

Во последното издание на Глобалниот извештај за информатичка технологија, Македонија е рангирана на високото 47-мо место во светот, од вкупно 143 земји опфатени со истражувањето.

„Нашата земја бележи напредок од 10 позиции споредено со минатата година, кога се наоѓавме на 57 место и за 20 позиции споредено со 2013-та година, кога бевме 67-ми. Сакам да потенцирам дека Македонија спаѓа во групата на топ 10 земји кои најмногу напредувале во периодот од 2012-та до 2015-та година“, рече на прес-конференција министерот Иво Ивановски.

Споредено со земјите од нашиот регион, единствено само Словенија е подобро рангирана која во последниот извештај е на 37-то место, додека останатите се зад Македонија. Хрватска е 54-та, Црна Гора 56-та, Грција на 66-то место,  Бугарија 73-то, Србија на 77 место и Албанија на 92-та позиција.

Македонија покажува најдобри резултати во подиндексот „Подготвеност“ според кој е рангирана на 46-то место и бележи напредок од 25 позиции во споредба со 2014-та година. Овој подиндекс го мери степенот до кој едно општество е подготвено добро да ги искористи сите достапни инфраструктури и дигитални содржини за ИКТ.

Македонија покажува најдобри резултати во столбот „Достапност“ и е рангирана на 29 место, со што бележи напредок од 59 позиции во споредба со 2014-та година. Овој столб оценува колку чини пристапот до ИКТ, било да е преку мобилна телефонија или преку фиксниот широкопојасен Интернет, како и нивото на конкуренција во секторите на интернетот и телефонијата што се одредува на овој трошок.

„Овие бројки и статистики претставуваат непобитен доказ колку сме посветени и колку работиме на развојот на информатичкото општество во нашата земја, колку се стремиме да создадеме информатички образована нација, колку преку ИКТ областа настојуваме да ја поттикнеме и подобриме нашата економија и да отвораме нови работни места“, додаде Ивановски.

Тој истакна дека Министерството за информатичко општество и администрација и македонската влада ќе продолжат по патот на забрзаниот информатички развој, а проектите кои се спроведуваат на тој план јасно ги детерминираат целите и очекуваните резултати. Меѓународните оценки и анализи за претставуваат дополнителен мотив и импулс да се биде уште поуспешен и преку ИКТ сферата да се гради подобра иднина и просперитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП