Кинезите успеаа да направат нешто за што многумина сонуваа, во еден автомобил да соединат две легендарни имиња – „Ferrari“ и „Porsche“.
Кинескиот производител „Eagle“ на авто-саемот во Шангај претстави необичен спортски автомобил со електричен погон кој привлече големо внимание.
Не толку поради своите перформанси, туку поради својот дизајн на надворешноста.
Ако ви се чини дека на фотографиите гледате два, а не само еден автомобил, тогаш сте во право.
Возилото од напред личи на моделот „Ferrari F12 Вerlinetta“, додека како пример за профилот и задниот дел од автомобилот послужи „Porsche Cayman“.
Во поглед на хаубата се открива дека на дизајнерите повеќе им се допаѓал амблемот на „Porsche“, отколку на „Ferrari“.
За разлика од автомобилите кои на конструкторите им послужија како инспирација, овој „мелез“ има електричен погон, а производителот тврди дека од 0 дo 100 km/h забрзува за помалку од 5 секунди.