25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРолеријада по четврти пат – годинава под мотото „Возиме кон иднината“

Ролеријада по четврти пат – годинава под мотото „Возиме кон иднината“

Image (37)

Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје денес напладне по четврти пат ја организираат „Ролер трката 2015“.

Во оваа спортска манифестација, чие мото е „Возиме кон иднината“, ќе учествуваат  училиштата од градот и од околината на Скопје. Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.

Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар  „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

„Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна“, велат организаторите.

Оваа година се воведува новина во манифестацијата, а тоа е натпреварувањето, односно ќе има две ролер трки, едната во машка а другата во женска категорија. „Ролер трката 2015“ ќе започне со женската трка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП