22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover произведе 6 милиони возила

Land Rover произведе 6 милиони возила

6 milioni LR

Британската компанија „Land Rover“ го искористи автосаемот во Шангај за да го претстави своето 6 милионито возило. Тоа е „Range Rover Vogue SE“ во верзија со долго меѓуоскино растојание.

Јубилејниот автомобил е во посебна бела боја – „Yulong White“, а исто така добил уникатно осветлување што проектира светлосно лого со амблемот на брендот и натписи „6.000.000“ и „април 2015“.

„Возбудени сме што го презентираме нашиот 6-милионски производствен автомобил. Случајно или не, тој е од марката „Range Rover“, која оваа година ја слави својата 45-та годишнина“, вели оперативниот директор на производителот, Енди Гос.

Јубилејниот модел ќе биде демонстриран на голем број настани во текот на годината, а потоа ќе биде продаден на клиентот од Кина.

6 milioni LR1

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП