3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса-Киелце и Кил-Веспрем во полуфиналето на ЛШ

Барса-Киелце и Кил-Веспрем во полуфиналето на ЛШ

pol ehf1

Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена денеска беа извлечени полуфиналните двојки во Лигата на шампионите, кои ќе се играат на завршниот турнир во Келн.

Македонскиот ракомет и оваа сезона на завршниот турнир ќе има свој репрезент, тоа е десниот бек на Барселона, Кирил Лазаров.

Барселона, која во полуфиналето се пласира со двете победи над ППД Загреб, во полуфиналето ќе игра против полскиот шампион Киелце, кој во четвртфиналето беше подобар од Вардар.

Во второто полуфинале ќе играат шампионите на Германија и Унгарија, Кил и Веспрем. Кил во четвртфиналето го елиминираше унгарскиот тим, ПИК Сегед, додека Веспрем беше подобар од тимот кој го има најголемиот буџет во ЛШ, францускиот ПСЖ.

Инаку Барселона, Веспрем и Кил и минатата сезона играа на Ф4 турнирот. За разлика од лани недостасува европскиот првак Фленсбург кој настапите ги заврши во осминафиналето.

Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се игра во „Ланксес арена“ во Келн на 30-ти и 31-ви мај.

pol ehf

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП