30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle планира да лансира илјадници интернет балони (видео)

Google планира да лансира илјадници интернет балони (видео)

g baloni111

Проектот на „Google“ – „Loon“ веќе неколку години е во развој, а за разлика од дроновите на „Facebook“, тие интернет до неодстапните области сакаат да испорачаат со помош на балони.

Проектот беше тестиран над Нов Зеланд, а сега од компанијата сакаат да го прошират во повеќе земји.

Балоните летаат на висина од 20 киломтери и користат софтвер со чија помош знаат каде мораат да испратат одреден балон, во зависност од струењето на воздухот. За разлика од 2013-та година, денеска балоните може да останат во стратосферата и до 10 пати подолго, a многу од нив во воздухот биле и повеќе од 100 дена. Од „Google“ велат дека рекорд е 130 дена. Тие имаат развиено и автоматски систем, кој им овозможува да ги лансираат балоните многу побргу.

„Целта на проектот е да се донесе интернет до две лица од три во светот кои уште го немаат“, вели Мајкл Касиди од „Google“. Тој додава дека се доближуваат до моментот кога ќе можат да лансираат илјадници балони. Услугата ја тестираат и во Австралија и Јужна Америка, а со операторите соработуваат со цел во балоните да овозможат „LTE“ врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП