17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе гради своја верзија на Силиконската долина на Крим

Русија ќе гради своја верзија на Силиконската долина на Крим

Image (32)

Русија планира да покрене сопствена верзија на Силиконската долина на Крим до 2020 година.

Планот е компаниите што таму ќе работат за пет години да имаат вкупни приходи над една милијарда долари, пренесува Б92.

Проектот наречен „Дигиталната долина на Крим“ е претставен на економскиот форум на Јалта и опфаќа развој во областа специјализирана за масовно хај-тек производство.

„Кумулативните приходи на компаниите кои ќе работат во Дигиталната долина до 2020 година ќе достигнат 1,2 милијарди долари и ќе бидат отворени 17 илјади работни места за високо квалификуван кадар“, рече Евгениј Бабајан, секретар на работната група за овој проект.

Тој смета дека тоа ќе има влијание врз цела Русија, додека Крим ќе стане центар на раст.

„Главните научни и технички центри ќе работат на државните универзитети на Крим и Севастопол“, прецизираше Бабајан.

Проектот има за цел да ги собере стручњаците не само од Русија, туку и од другите земји, вклучувајќи ја и Украина, рече заменик министерот за Крим Андреј Соколов.

„Санкциите нема да бидат проблем, бидејќи земјите што ги наметнаа нема да ги користат овие производи“, рече Соколов и додаде дека Крим им посакува добредојде на сите инвеститори, вклучувајќи ги и европските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП