19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet го претстави „робокар“ со автопилот (фото+видео)

Chevrolet го претстави „робокар“ со автопилот (фото+видео)

fnr

Еден од најимпресивните концепти според изгледот претставен на саемот во Шангај, неспорно е „Chevrolet FNR“. Прототипот е развиен заеднички од „General Motors“ и кинеската „SAIC Motor“, а претставува електромобил со функција за автопилот.

Chevrolet FNR“ доби капсуловидна каросерија, која повеќе личи на мал вселенски брод, а не на возило. Машината е опремена со ласерски светла во предниот дел и со систем за полнење без кабел, сместен во задниот дел на кабината.

fnr1

Прототипот е управувано од електромотори кои се наоѓаат во центарот на четирите тркала. На покривот е поставен радар, кој благодарение на огромен број сензори обезбедува автономно управување на возило.

fnr2

При вклучување на автопилотот предните седишта се свртени за 180 степени, на тој начин помагаат за удобна комуникација меѓу патниците. Истата шема беше користена и при концептот „Rinspeed XchangE“ врз основа на „Tesla Model S“. За да се вратат во нормална положба и автомобилот да помине на рачен режим, возачот користи систем за контрола со гестови.

fnr3

Како и што се очекуваше, многу тешко дека сличен модел ќе се најде во сериско производство. Во „Chevrolet“, меѓутоа, сметаат дека некои од компонентите и технологиите од овој концепт можат да бидат вградени во идните модели на марката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП