17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралните банки на еврозоната ѝ позајмиле на Грција 110 млрд евра

Централните банки на еврозоната ѝ позајмиле на Грција 110 млрд евра

grcija556565313

Централните банки од земјите од еврозоната на грчките банки им позајмиле 110 милијарди евра, изјави во понеделникот гувернерот на централната банка на Франција, предупредувајќи дека излегувањето на Грција од еврозоната би било „травматично“.

Во разговорот за парискиот дневен весник Le Figaro, гувернерот Кристијан Ноаје вели дека нивното на финансирање на грчката економија којашто ја обезбедува Еуросистем, монетарната власт на еврозоната, е далеку најголемата во европската монетарна унија.

„Во моментов сме на износот од 110 милијарди евра, во шест месеци повеќе од двојно го зголемивме финансирањето на ликвидноста (на грчките банки)“, изјави гувернерот на централната банка на Франција.

Износот во рамките на краткорочното осигурување на ликвидноста значително пораснал, додава Ноаје, апелирајќи до Атина многу брзо да го изнесе заокружениот предлог за реформи со што би се овозможило да биде утврден одржлив економски модел.

Во Европа сé поголеми се стравувањата дека Грција, на којашто ѝ е неопходно итно финансирање за да може да ги исплати платите во јавниот сектор и пензиите кон крајот на април и да ги исполни своите обврски кон кредиторите, би можела да дојде во ситуација да не може навремено да ги извршува своите обврски по големите долгови, како и дека би можела поради тоа да излезе од еврозоната, потсетува AFP.

Таквиот исход би бил травматичен, предупредува првиот француски банкар. „Шокот би вклучувал ризици од широки размери, а би била погодена целата глобална економија, што по правило се случува по посилни потреси. Најдраматичните последици, сепак, би ги претрпела Грција, којашто би била погодена од поголема економска криза, а не би биле решени основните проблеми поврзани со растот и невработеноста“, проценува Ноаје.

Грција ја бара последната транша во износ од 7,2 милијарди евра од сегашната програма за надворешна финансиска помош, меѓутоа ги одбива строгите услови на кредиторите во врска со штедењето и реформите. Преговорите околу програмата за реформи што ги преземала грчката влада продолжуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП