3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda подговува кросовер базиран на Fabia

Skoda подговува кросовер базиран на Fabia

fabia kros32

Малите кросовери стануваат се повеќе популарни на светските пазари и во „Skoda“ се решени да имаат корист од овој тренд. За таа цел компанијата развива таков модел, кој ќе биде изграден на продолжената модуларна платформа „MQB“, објави „Auto Express“.

Новиот мал кросовер ќе користи голем број на компоненти од „Fabia“, а ќе нуди благо покачено тло, дополнителни елементи на каросеријата и преден погон.

Што се однесува до моторите, тие исто така ќе бидат позајмени од „Fabia“. Ова ќе бидат најмоќните мотори понудени за моделот, 1.2-литарски бензински турбоагрегат, како и турбодизел со зафатнина од 1.4 и 1.6 литри.

Новиот кросовер е дел од стратегијата на „Skoda“, која предвидува годишна продажба од 1,5 милиони возила годишно во 2020-та година.

Слични модели подготват и уште две компании, дел од „Volkswagen Group“. До 2020-та година такви кросовери ќе претстават „Volkswagen“, чиј модел ќе биде дел од семејството „Polo“, како и „Seat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП