17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледната година Nokia се враќа на пазарот на смартфони?

Следната година Nokia се враќа на пазарот на смартфони?

nokiaa

„Nokia“ може да се врати на пазарот на паметни телефони уште во 2016-та година. Во моментов компанијата тивко ги испитува можностите повторно да развива и произведува мобилни телефони, објави интернет изданието „Re/Code“, повикувајќи се на свои извори во финскиот гигант.

Идејата се развива од одделот „Nokia Technologies“. Тој е најмалиот од трите бизнисот на компанијата, но одговара за лиценцирање на над десетте илјади патенти на „Nokia“. Освен тоа редовно ги користи патентите за развој на нови производи, кои потоа ги лиценцира на други компании кои ги елаборираат или директно започнуваат да ги произведуваат.

„Nokia Technologies“ е и единицата која го развива таблетот „N1“ на „Nokia“, кој користи „Android“ оперативен систем.

„Тие развиваат уште многу интересни работи. Уверен сум дека „Nokia“ е компанија која нема да исчезне“, коментира пред изданието Ричард Керис, кој е поранешен директор во „Nokia“, а веќе има свој „стартап“.

Керис додава дека во „Nokia Technologies“ има случувања од кои луѓето ќе бидат воодушевени. Тој, сепак, не коментира детали за нив, ниту дали воопшто може да се очекуваат на пазарот.

Во однос на мобилните телефони досега „Nokia“ одрекуваше дека има намера да се враќа на овој пазар. Таа не ја исклучуваат како можност за далечната иднина, но нејзините раководители неколкупати јавно изјавија дека идејата не е на дневен ред за краткорочните планови на „Nokia“.

Изворите на весникот прецизираат дека дури и компанијата да се врати на пазарот на паметни телефони догодина, тоа нема да биде како во претходните големи размери. Засега таа не планира да инвестира во нови фабрики и производствени капацитети.

Наместо тоа ќе се потпира на лиценци и договори со производители. Тие ќе одговараат за производство и снабдување и продажбата на телефоните кои ќе се развиени од „Nokia“ и ќе го носат нејзиниот бренд. Засега компанијата официјално не ја коментираше информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП