21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony го претстави моделот Xperia Z4

Sony го претстави моделот Xperia Z4

z4 xperia1

Во услови на реструктуирање и неизвесна иднина за единицата на „Sony“ за производство на паметни телефони од компанијата претставија нова четврта серија на моделот од највисока класа „Xperia Z“.

Смартфонот ќе е со алуминиумско куќиште и 5.2-инчен екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, како и неговиот претходник, и ќе е со оперативен систем „Android 5.0“. Процесорот е со осум јадра и 64-битен „Snapdragon 810“.

Овој паметен телефон прво ќе се појави на јапонскиот пазар во текот на летото, но не е познато дали и кога ќе дебитира на останатите пазари.

z4 xperia

Новиот уред ќе е со дебелина од само 6,9 мм, а ќе тежи 144 грама. Тоа го прави за 0,4 милиметри потенок и за 8 грама полесен, во споредба со моделот „Z3“.

Батеријата на смартфонот ќе има капацитет од 2.930 mAh, а ќе издржи до 17 часа работа во 3G мрежи. Неговата меморија е 32 GB, а има и слот за проширување до 128 GB. Двете камери на смартфонот се многу моќни, 20,7-мегапикселна задна со оптичка стабилизација, како и 5.1-мегапикселна предна. Тој ќе се нуди во бела, црна и морско зелена боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП