3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Ѓоковиќ урива рекорди

АТП: Ѓоковиќ урива рекорди

nole majami

Новак Ѓоковиќ ја продолжи својата доминација и да соборува рекорди во 2015-та година. Откако стана првиот во историјата кој успеал да победи на првите три Мастерс турнири во сезоната (Индијан Велс, Мајами, Монте Карло), тој успеа да направи најголема предност во однос на второпласираниот на АТП листата во нејзината историја.

По освојувањето на Мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ на првото место на АТП листата има 13.845 бодови што е 5.460 бодови повеќе од второпласираниот Роџер Федерер.

Инаку на најновата АТП листа има неколку промени меѓу првите десет: Надал го ‘прескокна’ Нишикори на четвртото место, финалистот од Монте Карло, Бердих сега е на седмата позиција, а Чилиќ е деветти играч на светот.

АТП листа, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 13.845 бодови

2. Роџер Федерер (Швајцарија) – 8.385

3. Енди Мареј (Велика Британија) – 6.060

4. Рафаел Надал (Шпанија) – 5.435

5. Кеи Нишикори (Јапонија) – 5.280

6. Милош Раониќ (Канада) – 5.070

7. Томаш Бердих (Чешка) – 4.960

8. Давид Ферер (Шпанија) – 4.490

9. Марин Чилиќ (Хрватска) – 3.495

10. Станислас Вавринка (Швајцарија) – 3.495.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП