17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПослабa испорака на паметни телефони во првиот квартал

Послабa испорака на паметни телефони во првиот квартал

is tele

Според последното истражување на компанијата „TrendForce“, во текот на првиот квартал од 2015-та година испорачани се вкупно 291,2 милиони паметни телефони, што е пад од 9,2% во однос на четвртиот квартал од 2014-та година, кога беа испорачани 320,8 милиони паметни телефони. Овој пад најверојатно е предизвикан поради слабата побарувачка на кинескиот пазар.

„Samsung“ во првиот квартал од 2015-та година ја задржа титулата водечки производител на паметни телефони во светот. Неговите уреди сочинуваа 27,8% од сите испораки на паметни телефони во тој квартал, иако во оваа бројка не се вклучени испораките на неодамна претставените „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Еdge“.

На второ место се наоѓа „Apple“ со удел од 19,9%, што значи дека „Samsung“ го има зголемено своето водство во однос на претходниот квартал. Имено, за време на четвртиот квартал од 2014-та година, „Samsung“ имаше испорачано 24,7% од уреди, додека американскиот гигант 23,2% од уредите.

Во текот на првиот квартал напредок забележа кинеската компанија „Huawei“ која од четвртото место се искачи на третото со 7,0% испорачани смартфони. „LG“ од петото се проби на четвртото место со удел од 6,2% од испорачаните телефони, додека „Lenovo“ забележа пад од третото на петото место со 6% од испорачаните уреди.

is tele1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП