11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp ја продава главната канцеларија?

Sharp ја продава главната канцеларија?

sharp

Според јапонскиот бизнис весник „Nikkei“ компанијата за електроника „Sharp“ планира да ја продаде централната канцеларија и да скрати дел од својот персонал како во локалните, така и во меѓународните поделби.

Се очекува компанијата со седиште во Осака да објави нето загуба од над 200 милијарди јени (1,66 милијарди долари) за завршената финансиска година. Ова се должи во голема мера на загубите од девалвација на средствата за производство на „LCD“ дисплеи, пишува весникот, без да се повикува на конкретни извори.

Многу веројатно е „Sharp“ да објави нето загуба од речиси 100 милијарди јени (840 милиони долари) за тековната финансиска година поради повисоките трошоци за реструктуирање.

Во февруари компанијата соопшти дека ќе објави годишна нето загуба по трет пат во последните четири години. Главната причина за тоа се крие во пад на продажбата на дисплеи за телевизори и телефони на позадината на ценовната конкуренција со Кина и Јужна Кореја.

Се очекува „Sharp“ да склучи договор за финансиска помош во вредност од 200 милијарди јени (1,66 милијарди долари) со двајца кредитори, од кои едниот е банката „Mizuho“ – една од најголемите банки во Јапонија.

Портпаролот на „Sharp“ одбива да коментира по повод овој материјалот, велејќи дека тој не е базиран на податоци на компанијата. Се очекува „Sharp“ да претстави среднорочниот план за управување во средината на мај.

Во февруари „Sharp“ соопшти дека ќе објави загуба од 30 милијарди јени, наместо очекуваната добивка од 30 милијарди јени за фискалната година која заврши на 31-ви март. Покрај бизнисот со панели на „Sharp“, овој за електроника исто така настрада од слабиот јен, бидејќи голем дел од нејзината продажба е во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП