Скопски филмски фестивал ќе биде отворен вечер со светската премиера на македонскиот филм „Медена ноќ“, од режисерот Иво Трајков.
Годинашново издание на СФФ ќе го прогласи за отворено режисерот Иво Трајков. Екипата на филмот ќе се поклони пред публиката по проекцијата.
Фестивалската програма продолжува во кино Милениум, во 22 часот со филмот „Турист“, на режисерот Ruben Ostlund (119 мин.)
Се работи за шведско-француска-норвешко-данска копродукција, елегантна психодрама во која режисерот нѐ поканува искрено да се погледнеме самите себеси. Тој ни ги покажува нашите недоследности, обидувајќи се да нѐ фати во нашите најлоши хипокризии. „Турист“ е застрашувачки филм кој ја соголува нашата фасада со цел да ни ја покаже ледената вистина која лежи под неа.