17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ подготвува план, Руси извинете

ЕУ подготвува план, Руси извинете

e

Европската унија подготвува план со цел да го обезбеди снабдувањето со енергија во сите околности, изјави во Рига комесарот за клима и енергетика Мигел Аријас Канете.

„Ги разгледуваме сите можни ризици и сценарија. Не само во врска со Русија“, изјави Канете на неформалниот министерски состанок.

ЕУ, која купува големи количини на природен гас од Русија, би можела да има проблеми во снабдувањето поради тензиите меѓу Русија и Украина, низ која поминува голем дел од гасот наменет за западна Европа.

„Со солидарноста од сите 28 држави на ЕУ, можеме да надминеме било каква можна криза. Ниедна земја членка не би требало да зависи само од еден снабдувач“, изјави Канете и додаде дека Брисел не мисли само на Русија.

Според него, Русија и понатака ќе биде главен снабдувач на ЕУ со природен гас, јаглен, нафта и ураниум, но во склад со пазарните услови.

ЕУ во февруари соопшти дека планира уникатен енергетски пазар ширум Европа за да ја намали зависноста од Русија и трoшоците за увоз кои годишно изнесуваат околу 400 милијарди евра. Енергетскиот сектор е исклучен од санкциите кои Западот ги воведе за Русија поради нејзината улога во украинската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП