29 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.04.2015

Дневен хороскоп 17.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ден пред младата Месечина во вашиот знак, можете да бидете понервозни од вообичаено, особено ако деловните партнери не ги исполнуваат своите ветувања. Имате начин како да најдете добри соработници ако бидете доволно подготвени да направите поголеми отстапки.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се трудите да не забележувате се што ви пречи, но тоа всушност не ви носи ништо добро доколку вистински не се смирите себеси, бидејќи имате впечаток дека на работа некој во прави проблеми за да ве потисне во втор план. На некој му е многу важно со вас да воспостави добра комуникација, особено на Рибите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

На многумина им пречи вашиот успеш и тоа е до таа мера нагласено што морате да криете од оние кои се напорни во испрашувањето за вашите намери, оние кои сакаат да знаат се за вас. Тое не ви е потребно и веројатно сакате да се снајдете во работата која ќе ви овозможи контакт со странци, патување, но би требало да бидете реални и по тоа прашање барем уште некое извесно време.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нека не ве фаќа нервоза. Се ќе биде онака како што сте испланирале. Попладнето ќе го поминете со пријателите. Една личност во вашето друштво е заинтересирана за вас. Вие го забележавте тоа, но бевте обземени со работата и не размислувавте за ништо друго.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе сретнете еден колега од студентските денови. Со него ќе се вратите во некои минати времиња и ќе се потсетите на некои тајни што сте ги делеле. Денот ќе ви биде исполнет со многу активности, па така ќе немате момент за досадување. Работните обврски завршете ги со време и не ги оставајте за викендот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Работите на работното место одат во правец како што посакувате, но сепак имате финансиски проблеми. За жал, старите долгови мора да се платат и тоа ви создава нервоза. Токму кога мислите дека веќе се е под контрола однекаде ќе изникне некоја неплатена сметка. Сумата која денес ќе треба да ја платите не е голема, но сепак ќе ви создаде главоболка.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вообичаено немате тајни во работата и вашите пријатели и колеги знаат се што ви се случува. Но, денес ќе добиете една примамлива понуда која ќе решите да зачувате за себе. Се работи за нешто што може да биде ризично и се уште не сте сигурни дали ќе ја прифатите. Би сакале да ја прифатите затоа што ќе ви донесе голема финансиска корист, но се плашите да не бидете осудени од опкружувањето.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Може да дојдете во конфликт со колегите од канцеларија. Вие мислите дека тие недоволно ве разбираат и намерно се против вас. Не бидете нетрпеливи, дозволете им на колегите да размислуваат поинаку. Вие имате свој начин на работа, а тие свој и потрудете се да го сфатите тоа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Може да ви се случи недоразбирање со саканата личност и затоа внимавајте на секој изговорен збор. Подобро е нешто да премолчите отколку да бидете брутално искрени. Вие моментално размислувате нерационално. Живеете во некој свој свет и не можете да ги сфатите другите. Истото се однесува и на вашата кариера. Плановите одложете ги за десетина дена. Тогаш ќе можете подобро да ги согледате работите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Опуштете се и отфрлете ги црните мисли. Тие се само моментално чувство поради тоа што имате премногу работа, а семејството нема разбирање за вас. Вашиот проблем е во тоа што не се осмелувате да кажете не и поради тоа сите околу вас нешто бараат а ништо не даваат за возврат. Попладнето поминете го во најблиското кафуле. Таму најдобро ќе се опуштите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес внимавајте како се однесувате кон пријателите. Можно е да дојдете во конфликт со еден од нив и тоа без поголема причина. Денес се чувствувате вознемирено и нема да избирате зборови. Исто така бидете внимателни и кон домашните. Измерете го секој збор пред да го кажете. Дозволете им на луѓето околу вас да имаат свое мислење.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе имате потреба да разговарате со партнерот во врска со финансиите. Но партнерот потполно ќе се затвори во себе и нема да знаете што навистина размислува. Вие ќе настојувате да го чуете неговото мислење иако ви е одамна позната неговата тврдоглавост и дека кога се наоѓа во таква состојба подобро ви е да не настојувате. Побарајте помош од пријателите. Нивните идеи можеби не ви се јасни, ама тие секогаш имаат утешни зборови за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП