
HTC денеска го промовираше пред македонската публика најмоќниот претставник на светски познатата HTC One серија, елегантниот HTC One M9.


HTC денеска го промовираше пред македонската публика најмоќниот претставник на светски познатата HTC One серија, елегантниот HTC One M9.
HTC One M9 ќе биде достапен кај нас во последната недела од април во продажните салони на сите партнери на HTC: Т-Мобиле, Вип и Оне. Долгоочекуваниот HTC One M9 на домашните љубители на врвното смартфон доживување ќе им биде достапен во две бои, метално сива и златно сребрена боја.
Секогаш посветен кон извонредност, HTC уште еднаш успеа да создаде телефон кој заслужува внимание.
‘’Особено ми е драго што сме тука со вас и што имаме можност одблизу да ви ги презентираме извонредните карактеристики на нашиот HTC One M9. М9 претставува совршена комбинација на стил, убавина и перформанси која овозможува врвно доживување од еден смартфон. Во Македонија М9 ќе биде достапен преку трите мобилни оператора на крајот на април. ‘’ изјави Николај Нанков, Регионален менаџер на ХТЦ за Македонија и Бугарија.

Највпечатливите карактеристики на овој извонреден телефон се:
Накратко, М9 е многу повеќе од обичен телефон кој секако вреди да го имате.
Новиот телефон ја продолжува традицијата на HTC во правењето телефони со прекрасен изглед. HTC One M9 е еден од најубавите смартфони на пазарот. Сега конечно знаеме кога атрактивниот телефон ќе пристигне во Македонија.
