Ракометарот на Вардар и на македонската репрезентација, Столе Стоилов, е избран за најдобар играч на првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите.
Стоилов на натпреварот против Киелце, во Скопје, кој Вардар го загуби со 20:22, постигна четири гола.
Претходно репрезентативниот пикер беше избран и во идеалниот тим на првите четвртфинални натпревари.
Покрај Стоилов во идеалната постава се најдоа уште голманот и левиот бек на Веспрем Роналд Миклер и Момир Илиќ, средниот бек на Барселона Никола Карабатиќ, десниот бек на ППД Загреб Лука Степанчиќ, левото крило на Киелце Мануел Штрлек и десното крило на ПИК Сегед Рајко Продановиќ.