18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот банкрот би можел да се прошири на останатите членки на eврозоната

Грчкиот банкрот би можел да се прошири на останатите членки на eврозоната

grcija evro

Ситуацијата во Грција е загрижувачка, а грчкиот банкрот би можел да има ефект на ширење на заразата врз другите членки на еврозоната, предупредува членот на Управниот совет на Европската централна банка (ECB), Клаас Кнот.

Во полугодишниот извештај на ECB за финансиската стабилност во еврозоната, Кнот предупредува дека доколку продолжи одливот на депозити, ќе се влоши веќе пореметената ликвидност на грчките банки.

Според него, банкротот на владата во Атина тешко ќе ја погоди економијата на Грција, а последиците од ова на останатите членки на еврозоната и натаму се неизвесни.

Грција моментално преговара со партнерите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за условите на меѓународниот пакет помош вреден 240 милијарди евра. Доколку не се постигне договор со кредиторите, Грција ќе остане без пари, поради што и наредните неколку седмици би можела да се соочи со банкрот и потенцијален излез од еврозоната.

Кнот наведува дека Грција може да продолжи со економските реформи и да ги исполни условите од пакетот за помош, бидејќи тоа, според него, е важно за стабилноста на Грција и еврозоната.

Официјална Атина планира до 24-ти април да ги одблокира преостанатите седум милијарди евра помош од последниот кредитен аранжман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП