4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве милијарди луѓе во светот немаат пристап до банкарски услуги

Две милијарди луѓе во светот немаат пристап до банкарски услуги

zastedi smetki

Две милијарди луѓе во светот сè уште немаат пристап до банкарски услуги, иако последните години расте бројот на сиромашни кои отвораат банкарски сметки, покажува најновото истражување на Светска банка(СБ).

Речиси 700 милиони луѓе во светот по првпат отворија банкарска сметка или користеле услуга за плаќање преку мобилен телефон во периодот од 2011 до 2014 година, што е голем исчекор во овозможувањето сите да имаат пристап до финансиските услуги, за што експертите сметаат дека е клучно во борбата против глобалната сиромаштија.

Глобал Финдекс Индексот, што го изработува Светска банка, покажува дека сега 62 отсто од луѓето ширум светот користат финансиски услуги преку банките или мобилните оператори, што е зголемување во однос на 51 отсто во 2011 година.

Но и натаму, две милијарди луѓе во светот се без пристап до банкарските услуги, меѓу кои повеќе од половина возрасни во најсиромашните 40 отсто од домаќинствата во земјите во развој.

Истражувањето покажува и дека многу од оние кои имаат банкарска сметка и натаму обавуваат само готовински трансакции за плаќање на месечните комунални сметки и школарина. Заштедата ја чуваат дома, наместо во банка.

Лидерите на групата Г20, најголемите индустриски земји во развој, поставија финансиска вклученост со развоен приоритет.

Истражувањата укажуваат дека домаќинствата со банкарски сметки подобро ги преживуваат финансиските шокови благодарение на пристапот до кредити и користењето на заштедите. Исто така, заштедите и кредитите можат да користат за проширување на малите компании и зголемување на земјоделското производство.

Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким објави дека целта е до 2020 година сите во светот да имаат пристап до финансии, бидејќи тоа е начин работниците со ниски примања да почнат да се искачуваат на економската скала.

„Пристапот до финансиските услуги може да послужи како излез од сиромаштијата. Поставивме многу амбициозна цел, сите до 2020 година да имаат пристап до финансиите“, изјави Ким.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП