26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAркан Керим, избран за претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК

Aркан Керим, избран за претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК

arr

Туристичко – угостителската комора (ТУК) во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), одржа собрание на кое присуствуваа над 70 компании членови. На собранието компаниите го избраа г. Аркан Керим, генерален менаџер на „Генералтурист“ за претседател на ТУК при ССК.

Како резултат на заложбите во изминатите години во областа на туризмот, како во афирмирање така и во спроведување на активности за унапредување на  туризмот и угостителството, компаниите му ја дадоа довербата за претстојниот мандат на г. Керим.

Чест и задоволство ми е што компаниите ми доверија мандат да ја водам Туристичко – угостителската комора при ССК. Свесен сум за одговорноста  и поддршката која ми ја дадоа колегите. Пораката на ТУК од Струга и струшко охридскиот регион кој е значаен туристички центар во Република Македонија е дека ќе ги посетиме сите општини во нашата земја за дополнително да го јакнеме членството и да го развиваме моделот на јавно-приватно партнерство за развој на туризмот во општините. Една од нашите главни задачи во иднина ќе биде, регионално и меѓународно поврзување со сите компании од секторот туризам и угостителство. На тој начин, здружени полесно ќе ги детектираме предизвиците во насока на подобро деловно опкружување и развој на оваа многу значајна гранка“, изјави Керим, по изборот за претседател на ТУК при ССК и додаде дека ќе се залага за поголема промоција на домашните компании и туризмот воопшто како и соработка со надлежните институции.

arr

Во Туристичко – угостителската комора при ССК членуваат етаблирани компании од сите дејности во секторот туризам. Од 2010 година, оваа функција ја извршуваше г. Феркан Бербери.

att

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП