
Кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ претстави зголемена верзија на својот премиум смартфон, моделот „P8“.


Кинескиот производител на паметни телефони „Huawei“ претстави зголемена верзија на својот премиум смартфон, моделот „P8“.
„P8max“ ќе е со 6.8-инчен дисплеј со „HD“-резолуција, покрај тоа што неговиот голем екран е речиси без никакви граници, неговата најголема предност ќе е батеријата од 4.360 mAh. Од производителот ветуваат дека батеријата издржува 2,5 дена употреба, како и 15 часа сурфање на интернет.

Софтверот ќе овозможува истовремено отворање на неколку прозорци и работа со различни апликации. Овој уред ќе е еден од најтенките со слични димензии, затоа што дебелината ќе му е едвај 6,8 мм.
Корисниците ќе добијат задна камера со резолуција од 13 мегапиксели со двоен блиц, како и 5-мегапикселна предна камера. Инаку процесорот ќе е осумјадрен со фреквенција од 2 GHz, а оперативната меморија ќе е 3 GB.

Куќиштето на фаблетот е од алуминиум, па неговата тежина е само 228 грама, што е споредлива со онаа на фаблети со далеку помали дисплеи.
Овој уред ќе се продава по цена од 549 евра за основната верзија со 32 GB внатрешна меморија и 649 евра за 64-гигабајтната верзија. Тој ќе се нуди во 30 земји во светот.