16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички и Тетекс финалисти во Купот на Македонија

Работнички и Тетекс финалисти во Купот на Македонија

kup-makedonija-500

Фудбалерите на Работнички и на Тетекс изборија пласман во финалето во Купот на Македонија. Во двомеч полуфиналните средби Работнички ја мина Ренова, а Тетекс беше подобар од Хоризонт Турново.

Работнички во реваншот против Ренова одигра 1:1 и со вкупен резултат 3:2 се избори за своето шесто Куп финале, во кое ќе се бори за својата четврта титула.

Тетекс до финалето стигна по подоброто изведување на пеналите, откако Хоризонт Турново во реваншот славеше со 2:1. По пенал рулетот Тетекс победи со 4:2.

Инаку Тетекс и Работнички играа во финалето во 2010 година, тогаш победи тимот од Тетово со 3:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП