20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКосово стана 214 членка на Меѓународниот атлетски сојуз

Косово стана 214 членка на Меѓународниот атлетски сојуз

atletski-sojuz

Косово од средата стана 214 земја членка на Меѓународниот атлетски сојуз, одлучија првите луѓе на ова организација на состанокот во Пекинг.

Следејќи го примерот на Меѓународниот олимписки комитет, кој уште во декември минатата година го прими Косово во полноправно членство, челниците на Меѓународниот атлетски сојуз изгласаа примање на Косовскиот атлетски сојуз во привремено членство, „но со целосни права и обврски“.

На истиот состанок беше потврден и календарот на митингот на Дијамантната лига за 2016 година, во кој нема промени. И натаму во календарот се 14 натпреварувања. Сезоната започнува во Доха на 7 мај, а завршува со финалињата во Цирих на 2 септември и Брисел осум дена подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП