9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на Mercedes GLE Coupe

Започна производството на Mercedes GLE Coupe

po gle

„Mercedes“ соопшти дека од производната лента слезе првиот примерок на „GLE Coupe“. Моделот кој на пазарот ќе се натпреварува со „BMW X6“ се изработува во фабриката на компанијата во Алабама.

Новиот модел претставува прв излет на „Mercedes“ во досега непозната територија на лусксузни купе-кросовери, каде суверено владее „BMW“.

po gle1

Покрај „Mercedes GLE Coupe“, во истиот погон ќе се произведува и моделот „GLE“ (редизајнираниот „Mercedes ML“ кој ја промени ознаката), додека во фабриката веќе се изработуваат „C Сlasѕ“ и „Mercedes GL“.

Компанијата во погонот во Алабама вложи 4.5 милијарди долари со цел да бидат извршени потребните модификации и подготовка за производство на новите и редизајнираните модели.

po gle2

Планирано е во 2015-та година од погонот да излезат повеќе од 300.000 возила на „Mercedеs“.

„Mercedes GLE Coupe“ ќе се произведува со 3.0-литарски „V6 twin-turbo“ бензинец со 333 и 367 ks, како и со 5.5-литарски „V8 twin-turbo“ мотор кој развива 557 и 585 „коња“.

Единствениот дизел агрегат е 3.0-литарскиот „V6“ со 258 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП