18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако изгледаат очилата на MINI кои асистираат при возењето (фото+видео)

Како изгледаат очилата на MINI кои асистираат при возењето (фото+видео)

ocila mini

На саемот за автомобили во Шангај, „MINI“ ќе претстави специјални очила кои се создадени да обезбедат корисни информации и асистенции при возењето. Уредот функционира како „head-up“ дисплеј кој наместо на инструмент таблата се наоѓа на главата на возачот.

„MINI Augmented Vision“ очилата настанале во соработка со компанијата „Qualcomm“. Станува збор за уред кој претставува поедноставна верзија на „Google“ очилата и е наменет првенствено за возачите.

ocila mini1

Во споредба со универзалниот уред кој го лансираше „Google“, очилата на „MINI“ не се елегантни и софистицирани, туку повеќе наликуваат на очила кои во минатото ги користеле возачите на автомобилските трки.

ocila mini2

Тие му овозможуваат на возачот да не го трга погледот од патот кога ќе добие корисна информација која се проектира на стаклото на очилата, како на пример за брзината на возилото, но и за ограничувањето на брзината.

Возачот може да ги користи очилата и како навигациски уред, како за време на возењето, така и пред влегување во возилото или кога ќе го напушти својот автомобил.

ocila mini3

Очилата помагаат во пронаоѓањето на слободно паркинг место во близина, но и при паркирањето, со оглед дека на стаклата може да се проектира одразот на надворешниот десен ретровизор.

ocila mini4

Една од најинтересните и најкорисните функции е можноста возачот да може да „гледа“ низ делови од каросеријата, како што се покривните носачи или панели на вратите, а со тоа да се избегнат евентуалните изненадувања кои се кријат во мртвите агли.

Погледнете како функционираат очилата „MINI Augmented Vision“:

Од „MINI“ објаснуваат дека засега станува збор за прототип кој во иднина би можел да биде комерцијализиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП