26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги намали прогнозите за раст на американската економија

ММФ ги намали прогнозите за раст на американската економија

mmf38

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) соопшти дека американската економија оваа година ќе зајакне за 3,1 отсто, што е солидно, но е помалку во однос на прогнозата од јануари која изнесуваше 3,6 отсто.

ММФ предвидува дека економиите на земјите од еврозоната ќе зајакнат 1,5 отсто во оваа година, додека во јануари таа прогноза изнесуваше 1,2 отсто.

Оваа финансиска институција наведува дека економијата на Јапонија ќе зајакне еден отсто. Претходната јануарска прогноза говореше за 0,6 отсто.

Јакиот долар придонесува за поголеми цени на американските производи во странство, што на европските и јапонските извозници им дава предност на пазарот.

ММФ ја задржа прогнозата на растот за светот од 3,5 и Кина за 6,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП