21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова ИПА програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија

Нова ИПА програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија

s

Европската унија ќе одвои 11.900.000 евра за новата ИПА прекугранична програма помеѓу Македонија и Албанија за период од 2014-2020 година, од кои 10.710.000 евра се предвидени за добитиници на грантови кои ќе поднесат проектни предлози.

Промоција на новата ИПА програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија ќе биде денеска во Струга во присуство на претставници на владите на двете држави.

Целта на програмата е да се стимулира поизбалансиран, инклузивен и одржлив социо-економски развој на прeкуграничната област. Програмата се фокусира на три тематски приоритети на ИПА 2 регулативата: поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвестициите и заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП