23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНула во Мадрид, Видал за минималец на Јувентус

Нула во Мадрид, Видал за минималец на Јувентус

82322009_vidal_ap

Атлетико и Реал одиграа без голови, додека Јувентус минимално славеше над Монако во првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони.

Реал на „Винсенте Калдерон“ започна фуриозно, со целосен притисок кон голот на Атлетико чии тренер Диего Симеоне се определи преку контранапади да го загрози голот на противникот.

Теренската иницијатива во првиот дел Реал не успеа да ја искористи, а главен ‘виновник’ за тоа е голманот на Атлетико Јан Облак кој имаше шест успешни интервенции. Словенецот два пати ги бранеше ударите на Бејл и Родригез, а потоа и на Роналдо и Карвахал.

Шансата на мечот ја имаше Бејл во четвртата минута кога излезе сам пред Облак кој со волшебна интервенција го спаси својот гол.

Во првиот дел Атлетико два пати се закани и тоа во финишот преку Гризман. Второто полувреме донесе сосема поинаква игра, Атлетико успеа да го помести тежиштето на играта на противничката половина што му овозможи многу полесно да се справи со нападите на противникот.

Особено домашниот тим беше опасен во последните 15 минути од мечот кога Марио Суарез со ножички не успеа да го совлада Касиљас.

Натпреварот во Торино донесе израмнета игра на двете страни, а победникот го реши Артуро Видал со голот постигнат од пенал во 57.минута. До голот двата тима имаа по две добри шанси за постигнување на гол, а особено импресивни беа одбраните на Буфон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП