21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска компанија ќе отвора фабрика во Штип

Германска компанија ќе отвора фабрика во Штип

technical-textiles

Германската компанија Техникал текстил следниот месец ќе стартува со производство во Технолошко индустриската развојна зона – Штип. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра со која е предвидено да се отворат 1.000 нови работни места.

Сопственикот на компанијата Јанс Вендлер денеска оствари средбата со премиерот Никола Груевски, по што со директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо го потпиша договорот за реализација на инвестицијата во Македонија.

Во фабриката ќе се произведува фиберглас за индустрискиот пазар, за градежната, автомобилската, авионската и бродската индустрија.

Вендлер истакна дека идејата за инвестирање во Македонија произлегла од рекламата која ја видел во авион додека патувал кон Абу Даби, каде што требало првично да се реализира оваа инвестиција, но го привлекле и подобрите услови што ги нуди Македонија за правење бизнис.

„Планиравме првично инвестицијата да биде во Абу Даби, но кога ги видовме условите во Македонија го сменивме мислењето, бидејќи работите тука се одвиваат многу брзо. Додека во Абу Даби ни беа потребни за одредени активности две години, тука во Македонија од првиот состанок беше потребна една година“, рече Венгланд.

Тој додаде дека се планира изградбата на фабриката да заврши за четири недели.

Фабриката ќе се простира на 13.000 метри квадратни и ќе се произведува производ кој сега се прави во нивната фабрика во Словечка, а имаат и одредени операции во Кина и Обединетите Арапски Емирати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП