
Според пишувањето на интернет страната „SamMobile“, „Samsung“ подготвува нов паметен телефон од серијата на уреди „Galaxy“.


Според пишувањето на интернет страната „SamMobile“, „Samsung“ подготвува нов паметен телефон од серијата на уреди „Galaxy“.
„Samsung Galaxy A8“ (SM-A800F) по примерот на останатите уреди од серијата „A“ ќе има метално куќиште со дебелина од само 5,9 милиметри.
Тука е и 5,7-инчиниот екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, 64-битниот „Qualcomm Snapdragon 615“ со четири „Cortex-A53 CPU“ јадра на такт од 1,7 GHz, четири дополнителни „Cortex-A53 CPU“ јадра на такт од 1 GHz, „Adreno 405 GPU“, 2 GB RAM, како и 16 GB слободен простор за чување на податоци.
Што се однесува до камерата, задната ќе има 16-мегапиксели, а предната сензор од 5-мегапиксели.
Батеријата на уредот ќе има капацитет од 3050 mAh, a оперативниот систем е „Android 5.0.1“ во комбинација со „TouchWiz“ корисничкиот интерфејс. Постои и можност за поврзување со „4G LTE“ мрежата.
Засега се уште не е познато на кои пазари ќе се појави овој телефон, ниту по која цена.