22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch ќе се продава само во 53 продавници

Apple Watch ќе се продава само во 53 продавници

aw2

Цените на паметниот часовник на „Apple“ веќе долго време се познати – од минимални 349 долари, па се до 17.000 долари колку што чини најскапиот модел.

Но, на почетокот на овој месец се појавија гласини кои упатуваат на тоа дека најскапите модели од серијата „Watch Edition“, „Apple“ нема да ги нуди во своите продавници.

Тоа што на почетокот на месецот се појави како шпекулација, во средината на месецот веќе беше потврдено. Барем така вели интернет страницата „MacRumors“ кој истражувала и открила со помош на алатката „Find Locations“ на страницата на „Apple“, па моделот „Watch Edition“ ќе може да се купи само во педесетина продавници.

Поточно во 53 кои се наоѓаат во Америка, Австралија, Франција, Хонг Конг, Канада, Кина, Германија, Јапонија и Велика Британија. Најдобро ќе минат купувачите од Кина, кои од вкупно 53 продавници тие ќе добијат 12 – сепак најголем број на купувачи се очекува токму во Кина.

Детален попис на локациите (освен Кина) можете да погледнете на оваа фотографија.

aw3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП