30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle стартува функција за отклучување на смартфонот со глас

Google стартува функција за отклучување на смартфонот со глас

trustet voice13

„Google“ започна со постепено активирање на нова функција за отклучување на смартфоните со помош на глас. Таа ќе се нарекува „Trusted Voice“ и веќе е достапна за некои корисници, објави онлајн изданието „Android Police“.

Функцијата е дел од стандардната апликација на „Google“. За да работи, таа треба да биде од последната верзија на оваа апликација, но и во софтверскиот пакет „Google Play Services“.

Со „Trusted Voice“ корисниците ќе можат да го отклучат телефонот така што ќе ја изговараат фразата „Ok, Google“. Ова ќе овозможува и активирање на гласовниот асистент „Google Now“ за поднесување на гласовна команда.

trustet voice133333

„Trusted Voice“ може да се дотера да работи и во комбинација со препознавање на лицето на корисникот. Сепак „Google“ предупредува дека функцијата е помалку сигурна во однос лозинка „PIN“ код или цртеж. Причината е дека преку употреба на снимање на гласот на корисникот уредот може да се отклучи.

Меѓутоа, нивото на безбедност може да биде зголемено преку употреба на комбинацијата со снимателот. На располагање се и дополнителни опции како заклучување на уредот кога е надвор избраните доверливи места. Функцијата се активира етапно за смартфоните со „Android“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП