Германскиот производител на автомобили Ауди во март ја зголеми продажбата за 4,4 отсто на 177,95 илјади автомобили.
Тоа, како што е соопштено од компанијата, е историски рекорд кога станува збор за месечната продажба.
Во првото тромесечје годинава оваа филијала на Фолксваген ги зголеми испораките за 6,1 отсто, на рекордно ниво од 438,25 илјади возила.
Големата побарувачка се однесуваше на компактниот модел А3, сув возилото Ку3 и лимузината А6.