25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Името е име“ продолжува со позитивното влијание, следи прикажување во САД и...

„Името е име“ продолжува со позитивното влијание, следи прикажување во САД и Норвешка

extractfrom39334073imemakedonija245602

Документарниот филм, „Името е име“ продолжува со позитивното влијание во светот, пет години по неговата премиера. Денес филмот ќе биде прикажан на престижниот Браун Универзитет во Провиденс, држава Роуд Ајленд – САД.

Таму, студенти од Македонија организираат прикажување на филмот како дел од серијата филмови прикажани од Медународната Браун Организација, во соработка со Вотсон институтот за меѓународни студии. Професорот Кит Браун од катедрата за Меѓународни студии на Браун Универзитетот и автор на повеќе книги за Македонија, заедно со продуцентот Џејсон Мико ќе бидат достапни за дискусија по прикажувањето на филмот.

Целта на овој филм, вели продуцентот Џејсон Мико, е пред се да се допре до публиката со оваа тема, а со тоа истата да се едуцира и охрабри.

„Едукација за сите оние кои не се запознаени со спорот, охрабрување на Македонците во борбата да се исправи оваа неправда, и забава за целата публика“, изјавува Мико.

Дополнително, филмот ќе биде прикажан во четврток, 23 април, во македонската амбасада во Осло, Норвешка. Прикажувањето е промовирано од амбасадорот Енвер Абдулахи, во соработка со режисерот на филмот Сигурјон Еинарсон, кој ќе биде таму за отворена дискусија со публиката.

За филмот Еинарсон вели: „Ова го правиме за да го привлечеме вниманието на широката меѓународна јавност за овој спор. Сакаме да му дадеме глас на македонскиот народ во оваа борба во неправдата поради присилното нарекување на Македонија со нешто друго освен сопственото име“.

Од 2009 година филмот имаше повеќе меѓународни прикажувања низ светот, Канада, САД, Австралија, Обединетото Кралство, Норвешка, Белгија и други европски држави но и премиера во Република Македонија. Веќе пет години филмот продолжува да ја кажува приказната на македонскиот народ и зошто тие едноставно одбиваат да се нарекуваат со друго име освен – Македонци.

Документарниот филм беше снимен во 2008 година, во нарација на Сер Ендрју Моушн, поет лауреат од Обединетото Кралство, со музика од Мум, Сигур Рос и Еартх Афаир (Исланд), Монте-Негро и Грахам Неш (САД), Кирил и Тоше Проески (Македонија).

Мортен Харкет, главниот вокал на бендот А-Ха ја донираше сопствената песна „Името е име“ за овој филм. Песната беше дел од неговиот албум „Писма од Египет“, од 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП