4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлубовите ќе раководат со АБА лигата

Клубовите ќе раководат со АБА лигата

aba_league_logo1

Новата структура на кошаркарската АБА лига ќе биде направена по урнекот на Евролигата, односно сопственичката и управувачката ќе биде во рацете на клубовите.

Ваков е епилогот од состанокот на раководството на регионалното натпреварување со преставниците на клубовите, се наведува на официјалната интернет страница на АБА лигата.

Деталите околу новата структира на лигата ќе бидат договорени по завршувањето на плејофот, односно на состанокот кој ќе биде одржан најдоцна до 15.мај. Промените треба да бидат завршени до почетокот на сезоната 2015/2016, односно најдоцна до 15. јули 2015 година.

На состанокот кој се одржа во понеделникот био константирано и дека треба да биде формирана вторлигашка АБА лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП