30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНекои од најкомпактните смартфони на пазарот

Некои од најкомпактните смартфони на пазарот

komp smart

Нема идеални димензии за еден смартфон. Она што се чини како голем паметен телефон за едни, е сосема нормално за други. Главната е смартфонот да се држи лесно и погодно од секој.

Има смартфони, кои сепак во поголема мера од другите се оптимални во однос на големина на екранот и големината на уредот.

Еве неколку споредби меѓу различни модели кои го докажуваат тоа:

Sharp Aquos Crystal vs. Samsung Galaxy A3

komp smart1

Овој модел наметна нови стандарди при т.н. „смартфони без граници“. Тој е долг едвај 131 милиметри и широк 67 милиметри, но е со 5-инчен дисплеј. Димензиите му се споредливи со оние на 4.5-инчниот „Samsung Galaxy A3“ (130.1 мм должина и 65.5 мм ширина).

Apple iPhone 6 vs. Google Nexus 5

komp smart2

Лидерот во продажбата на луксузни смартфони „Apple“ не може да се пофали со особено оптимален сооднос меѓу големината на екранот и големината на телото на смартфонот. Ова се задржува и при последната 6-та верзија. Иако е со 4.7-инчен дисплеј, смартфонот е со димензии од 138.1 мм во должина и 67 милиметри ширина што е споредлив со оној на 5-инчниот „Android“ смартфон „Google Nexus 5“ (137.84 x 69.17 mm).

Samsung Galaxy S6 Еdge vs. HTC Desire 610

komp smart3

Последните модели „Galaxy S6“ и „S6 Еdge“ ја задржаа големината на екранот од претходниот модел, но се малку тесни во големина. Моделот „S6“ е со димензии 142.1 мм должина и 70.1 мм ширина. Тоа е минимално под димензиите на моделот „HTC Desire 610“ (143.1 x 70.5 x 9.6 mm), кој е со 4.7-инчен дисплеј.

HTC One M9 vs. Motorola Droid Turbo

komp smart4

Моделот „HTC One M9“ е друг паметен телефон со несразмерни големини. Тоа се одредува главно од звучниот систем „BoomSound“, која бара значително место во куќиштето на телефонот под и над екранот. Моделот е со 5-инчен дисплеј и тело со димензии 144.6 х 69.7 спрема 143.5 х 73.3 мм за „Motorola Droid Turbo“.

LG G3 vs. Sony Xperia Z3

komp smart5

Моделот на „LG“ е еден од повеќето компактни смартфони на пазарот. Тој е со 5,5 инчен дисплеј со големина од само 146.3 x 74.6 мм спрема моделот „Sony Xperia Z3“ со 5.2-инчен дисплеј и димензии од 146 x 72 мм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП