21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПет милијарди евра за ренесанса на Alfa Romeo

Пет милијарди евра за ренесанса на Alfa Romeo

alfic3

Компанијата „FIAT Chrysler Automobiles“ (FCA) соопшти дека има намера да вложи повеќе од 500 милиони евра за производство на новите мотори за потребите на автомобилскиот бренд „Alfa Romeo“, a вкупната вредност на инвестицијата до 2018-та година ќе изнесува пет милијарди евра.

Овие вложувања, со лансирањето на осум нови модели, би требало да овозможи годишна продажба од 400.000 автомобили во наредните три години, во однос на 74.000 возила колку „Alfa Romeo“ им испорача на купувачите во 2013-та година.

Според претходните најави, првиот модел би требало да биде возило од средна класа, „Giulia“, во седан и караван верзии. Поголема луксузна лимузина е предвидена за во 2018-та година.

„Alfa Romeo“ на пазарот ќе понуди кросовер модел, кој ќе пристигне во 2017-та година, додека нешто поголем „SUV“ е во план во 2018-та.

Моторите за новите модели на „Alfa Romeo“ ќе се произведуваат во фабриката во Термоли на југот на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП