11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрастичен пораст на бројот на патници од македонските аеродроми

Драстичен пораст на бројот на патници од македонските аеродроми

aerodromi33

Драстично зголемување на бројот на превезени патници забележано е во првиот квартал од оваа година на двата аеродроми во Македонија, споредено со истиот период минатата година.

Во периодот јануари-март од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле превезени вкупно 268.400 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 207.963 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 29,1 отсто, соопшти Министерството за транспорт и врски.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до март 2015-та година регистрирани се вкупно 264.165 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 204.285 патници, се забележува зголемување од 29,3  отсто.

Истовремено на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид превезени се 4.235 патници, што во споредба со истиот период од 2014-та година кога биле превезени 3.678 патници, се бележи зголемување од 15,1 отсто.

Најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари-март годинава се: Истанбул, Цирих, Базел, Виена, Малме, Лондон и Минхен.

Од месец јуни ќе се воведат директни линии за пет нови дестинации до европските градови и тоа: Oд аеродромот Александар Велики во Скопје до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.

Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, ќе се воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.

Забележаниот континуиран раст на бројот на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај,  се вели во соопштението.

Во тој контекст позитивните политики за развој на воздушниот сообраќај ќе продолжуват да се применуваат и во наредните години, со цел промовирање на нашата држава како атрактивна туристичка и бизнис дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП