19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови автомобили со цена од над 1 милион долари (фото)

Нови автомобили со цена од над 1 милион долари (фото)

s cars

Само од почетокот на 2015-та година „Bloomberg“ процени дека во светот има нови 36 милијардери, додека од 2012-та година бројката е над 200 богати тајкуни кои купуваат скапи автомобили најмногу во Лос Анџелес, Доха, Москва, Сао Паоло или Шангај.

Еве и какви автомобили купуваат најбогатите луѓе во светот:

„Lamborghini Veneno“ (4 милиони долари)

s cars1

За својата 50-та годишнина „Lamborghini“ произведе три примероци од „Veneno“, секој со цена од 4 милиони долари. Моделот успеа да стане еден од најпознатите во светот. Тој располага со 740 КС и може да развие до 355 км/ч.

Еве и уште неколку возила, чија цена е над 1 милион долари.

„Lykan HyperSport“ (3.4 милиони долари)

s cars2

„Lykan“ е првиот автомобил произведен од „W Sport“. Тој беше претставена за прв пат за време на саемот во Дубаи во 2013-та година. Максималната негова брзина е 385 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч се одвива за 2.8 секунди.

„Aston Martin One-77“ (1.7 милиони долари)

s cars3

Моделот беше претставен во 2008-ма година и е најскапиот произведен од „Aston Martin“ и до ден денешен. Само 77 примероци од овој модел се произведени, а еден од нив е во сопственост на полицијата во Дубаи, позната по луксузните автомобили.

„McLaren P1“ (1.35 милиони долари)

s cars4

903 КС и максимална брзина од 350 км/ч., секој кој поседува „P1“ може да купи и „P1 GTR“, чија цена е 3,2 милиони долари. Од овој хибрид се произведени само 375 парчиња.

„Lamborghini Sesto Elemento V10“ (2.8 милиони долари)

s cars5

Моделот беше претставен во 2010-та година на саемот во Париз. Тој забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди.

„The Maybach Exelero“ (8 милиони долари)

s cars6

Раперот „Birdman“ е горд сопственик на овој автомобил, кој може да се види и во видеото на „Jay Z – The lost one“ . Возилото има 6-литарски „V12 RWD“ мотор. Максималната негова брзина е 351 км/час. Забрзува до 100 км/час за 4.5 секунди.

„Rolls-Royce Phantom Serenity“ (1.5 милиони долари)

s cars7

Моделот беше претставен само пред неколку дена на саемот во Женева. Автомобилот се нуди за 1.5 милиони долари, што е речиси 4 пати повеќе од стандардниот „Phantom“.

„Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse“ (1.8 милиони долари)

s cars8

Ова е една од спортските верзии на „Bugatti Grand Sport“, развива до 100 км/ч за неверојатни 2,6 секунди. Максималната брзина е 375 км/ч.

„Koenigsegg Regera“ (1.9 милиони долари)

Koenigsegg One:1

Исклучително моќен со 1489 кс.  Многу брз – 400 км/ч и многу ретко се среќава, бидејќи е произведен во 80 парчиња.

„LaFerrari“ (1.69 милиони долари)

s cars10

Какво автомобилско рангирање би било тоа, без модел на „Ferrari“? Моделот е произведен само во 499 парчиња, што го прави исклучително важен за колекционерите. Автомобилот е со максимална моќност од 949 коњски сили и може да забрзува од 0 до 100 км/ч за 3 секунди. Максималната брзина која може да ја развие е 396 км/ч. Комбинираната потрошувачка за 100 км е околу 15 литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП