2 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки и Вардарци бркаат виза за фајнлфор

Вардарки и Вардарци бркаат виза за фајнлфор

vardar4

Саботна ракометна треска ги зафати љубителите на овој спорт. Двата колективи на ракометниот клуб Вардар денеска ги играат натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампионите преку кои ќе се обидат да дојдат до завршниот фајнлфор.

Ракометарките во 16.30 часот го играат реванш натпреварот против европскиот шампион Ѓер, додека пак ракометарите ќе ги одмерат силите во првиот дуел на домашен терен против полскиот претставник Киелце (19.00 часот).

vardar zeni

Избраничките на Индира Кастратовиќ попладнево во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се обидат да го повторат ланскиот успех и повторно да играат во полуфиналето и да бидат дел од завршниот турнир од Лигата на шампионите.

На првиот дуел пред седум дена во Скопје „вардарки“ го совладаа европскиот шампион Ѓер од Унгарија со шест голови разлика (24:18).

Предноста е солидна, но во редовите на ЖРК Вардар најавуваат дека нема да размислуваат како да ја бранат, туку ќе се обидат со уште еден позитивен резултат да изборат уште едно полуфинале во Будимпешта на „фајнл фор“ турнирот.

Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ нема проблеми со составот и според најавите со истиот тим од Скопје ќе игра и во реваншот. Почетокот на натпреварот Ѓер – Вардар е во 16:30 часот.

Покрај дуелот Ѓер – Вардар, денеска се играат и натпреварите: Динамо Синара – Баја Маре (23:25 прв натпревар) и Ларвик – Турингер (29:26), додека последното четвртфинале Будуќност – Виборг (28:22) се игра утре (недела).

vardar mazi

Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Санадански“ го играат првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Полскиот шампион Киелце е новиот ривал за „црвено­црните“. Во претходната рунда Вардар ја елиминираше полската екипа Висла, а минатата сезона во натпреварите од нокаут фазата играше се две германски екипи: Хамбург и Флензбург.

Вардар изминативе денови се подготвуваше за дуелот со Киелце, а тренерот Раул Гонзалес истакна дека двете полски екипи Висла и Киелце се слични во стилот на играта, но дека нијансите се на страната на Киелце. Избраниците на Гонзалес кои беа на листата на повредени се рехабилитираа и за очекување е Вардар во најсилниот состав да се појави пред полните трибини. Гостите од Полска веќе тренираа во СЦ „Јане Сандански“, но вистинската атмосфера ќе ја почуствуваат вечерва.

Посебен белег на натпреварот е дуелот на синот и на таткото: Алекс Душебаев (Вардар) и Талант Душебаев (Киелце).

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

На првиот четвртфинале натпревар во четвртокот Барселона како гостин го победи ППД Загреб со 25:23. Другите два натпревара од оваа рунда се играат во недела: ПСЖ – Весперм и ПИК Сегед – Кил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП