Нов историски момент за „ŠKODA“: највлијателниот орган во мото спортот, Меѓународната автомобилска федерација „FIA“, и даде зелено светло на новата „Škoda Fabia R5“.
По успешната хомологација, новиот рели автомобил сега може да ја продолжи богатата 114-годишна мото спорт приказна на чешкиот автомобилски производител. Новиот модел „Fabia R5“ е направен врз основа на „Škoda Fabia“ и е наследник на „Fabia Super 2000“, модел кој замина во историјата како најуспешен рели автомобил на „Škoda Motorsport“.
„Ние сме среќни што Меѓународната Автомобилска Федерација „FIA“ ни даде зелено светло. Сега може да покажеме, на тркачката патека, колку е добар нашиот нов рели автомобил“, изјави членот на одборот за развој во „ŠKODA“, д-р Френк Велш.
„Кога работевме на третата генерација на „Fabia“ од производство, модел кој има исклучително успешен почеток, ние и додадовме некои спортски гени и ја создадовме најемоционалната „Fabia“ досега. Денес, врз основа производствениот модел ние ја создадовме најспортската „Fabia R5“, додава Велш.
Новиот тркачки „Škoda“ автомобил ја поседува најновата врвна технологија и е целосно во согласност со прописите на „FIA“. Автомобилот „Škoda Fabia R5“ е опремен со 1.6-литарски турбо мотор. Тоа е голема промена бидејќи кај „Fabia Super 2000“ беше вграден дволитарскиот турбо мотор. Покрај овој новитет, новиот модел го поседува новиот погон на четири тркала, располага со пет брзински секвенцијален менувач и „McPherson“ сигурносни појаси.
Тежината на автомобилот изнесува најмалку 1.230 килограми, како што е предвидено во прописите. Од почеток на проектот, „Škoda Motorsport“ инвестираше 15 месеци интензивна работа со цел да се осигури дека ултра модерните компоненти совршено функционираат.