30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi продаде над 2 милиони смартфони за 12 часа!

Xiaomi продаде над 2 милиони смартфони за 12 часа!

hugo-xiaomi-22222

Кинескиот производител на паметни телефони „Xiaomi“ има продадено над 2 милиони смартфони само за 12 часа во последната т.н. „молскавична распродажба“ (распродажба одржана во кратки рокови, за време на која трговецот продава со значителни попусти).

Компанијата остварила продажбата за време на „Mi Fan Festival“ што се совпадна со нејзиниот петти роденден. Од вкупната продажба на 2.12 милиони смартфони со регистрирани приходи од 335 милиони долари.

Успехот на компанијата е неприкосновен, затоа што за само пет години таа станува највредната приватна компанија во светот со пазарна оценка, според последните податоци, од околу 45 милијарди долари . Неслучајно таа е нарекувана „кинескиот „Apple““.

Xiaomi“ е сериозно обвинувана за тоа дека ги „копира“ смартфоните на „Apple“, но во оваа фаза стратегијата им се исплати.

Во прилог на смартфоните, компанијата има продадено уште 247.000 фитнес нараквици „Mi Power Strip“ и 38.000 телевизори „Mi TV“.

Компанијата ги регистрирала најдобри дневни продажби во историјата. Според извршниот директор на „Xiaomi“, Хуго Бара, таа не планира да влезе на американскиот пазар во наредните неколку години, но и покрај тоа растот и понатаму е сериозна закана за останатите водечки производители, како „Apple“ и „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП