25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите мотори на Alfa Romeo ќе се прават од Ferrari

Новите мотори на Alfa Romeo ќе се прават од Ferrari

motori alfa 353

Инженери од компанијата „Ferrari“ ќе развиваат моторите за идните модели на „Alfa Romeo“. Ова го соопшти шефот на концернот „Fiat Chrysler Automobile“, Серџо Маркионе за време на прес-конференција во Термоли (Италија).

Според зборовите на Маркионе, Концернот предвидува да инвестира околу 500 милиони евра во создавањето на два сосема нови мотори, кои ќе бидат изградени врз основа на веќе подготвените агрегати на „Ferrari“. Едниот од моторите ќе биде моќен 4-цилиндричен, а другиот – „V6“.

Маркионе не даде други детали, но според информации од концернот моторот со 4 цилиндри ќе развива моќност меѓу 110 и 330 КС. Моторот „V6“ за возврат ќе нуди помеѓу 400 и 500 КС. Покрај нив за моделите на „Alfa Romeo“ се предвидуваат и нови дизел агрегати – со 4 и 6 цилиндри.

Сите мотори ќе се составуваат во фабриката во Термоли, па поради тоа погоните ќе бидат значително модернизирани. Предвидено е годишно производство од 200.000 единици, што е половина од планираната продажба на „Alfa Romeo“ за 2018-та година.

Општо земено „Fiat“ ќе инвестира 1 милијарда евра во развојот на „Alfa Romeo“. Во палетата на брендот ќе влезат вкупно 8 нови модели, меѓу кои барем два кросовери, седан и компактен спортски автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП