Компанијата „Huawei“ го претстави својот нов телефон наречен „SnapTo“ кој би требало да биде ривал на смартфонот „Motorа Moto G“.
„Huawei SnapTo“ од утре ќе биде достапен на „Amazon“ по цена од 180 долари, а овој производител го наведе телефонот како „Huawei Expo“, и покрај промотивниот материјал во кој се наведува името „SnapTo“.
Уредот го одликува 5-инчен „LCD“ екран со резолуција од 720p, како и „Android 4.4 KitKat“ оперативниот систем со корисничкиот интерфејс „Emotion UI v2.3“.
Што се однесува до останатите карактеристики, „Huawei SnapTo“ ќе го има процесорот „Qualcomm Snapdragon 400“ со такт од 1,2 GHz Cortex-A7 quad-core CPU и Adreno 305 GPU, a тука е и 1 GB RAM и 8 GB интерна меморија, камера од 5 мегапиксели и батерија од 2.200mAh.