18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на Zynga застанува повторно на чело на компанијата

Основачот на Zynga застанува повторно на чело на компанијата

zynga 535

Основачот на „Zynga“ Марк Пинкус ја враќа контролата над компанијата за мобилни игри, по проблемите со кои се соочува. Тоа значи дека пред да заврши втората година како главен извршен директор на Дон Матрик, тој ќе треба да се повлече од функцијата.

Пинкус, кој остана претседател на компанијата, но се почесто посветуваше време на други проекти, ќе биде новиот шеф на „Zynga“, а одлуката стапува во сила веднаш.

Матрик е поранешен извршен директор на „Electronic Arts“, а пред тоа го раководеше делот на „Microsoft Xbox“ за игри. Сега тој се повлече од раководната функција и го напушта Одборот на директори.

Во интервју Пинкус наведува дека во последните две години, во кои не бил извршен директор, имал „доволно време за да размисли“ за се.

„Дон беше вистинскиот човек во тоа време“, коментира тој.

Во меѓувреме акциите на „Zynga“ остануваат под 3 долари – речиси иста цена како во времето во кое Пинкус ја предаде штафетата на Матрик.

„Zynga“ е пример за тоа што се случува со компаниите кои се особено зависни од „Facebook“ како платформа. „Zynga“ беше лидер во игрите во социјалната мрежа, во момент во кој Facebook се користеше главно на компјутери. Но откако луѓето почнаа повеќе да ги користат мобилните уреди, „Zynga“ почна да се бори да се прилагоди кон светот на мобилни уреди и апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП