20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА го регистрираше мечот Црна Гора-Русија со резултат 0:3

УЕФА го регистрираше мечот Црна Гора-Русија со резултат 0:3

Image (4)

Европскиот фудбалски сојуз(УЕФА) во среда квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство меѓу Црна Гора и Русија го регистрираше со резултат 3-0 во полза на Русија.

Мечот Црна Гора-Русија беше прекинат во 67 минута откако напаѓачот на Русија Дмитриј Комбаров беше погоден со запалка фрлена од трибините, а претходно уште во првата минута голманот Игор Акинфеев беше погоден со факел во главата, заради што средбата беше во прекин половина час.

Покрај тоа, Црна Гора следните два домашни натпревари ќе ги игра пред празни трибини.

По оваа одлука на УЕФА, на врвот на табелата во Г групата е Австрија со 13 бодови, следи Шведска со девет, Русија е трета со осум, а Црна Гора четврта со пет бодови. Зад неа е Лихтештајн со четири и Молдавија со еден бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП